Map Graph

Селиште (Брждани)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Селиште — археолошко наоѓалиште во кичевското село Брждани. Претставува населба со топилница и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1,5 км западно од селото, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, градежен материјал и згура од топена железна руда. Според кажувањето на мештаните, на теренот имало големи камени плочи од гробни конструкции.

Read article